Тој потенцираше дека можно е да има мутација на вирусот која што е поконтагиозна од сите претходни соеви и тоа да ја смени епидемиолошката слика.

– Нашата проценка со резерва, е дека следниот период од два месеца летни кои што се пред нас ќе биде мирна епидемиолошката ситуација. Сепак граѓаните треба да знаат дека мерките се дадени да се почитуваат, маската секогаш е тука, иако не е задолжително да се носи надвор. Но кога има групирање, не е лошо граѓаните да им е при рака и да ја стават. Сепак тоа е заштита за нивното здравје – рече министерот Филипче.

Тој уште еднаш потенцира дека на сила остануваат да важат мерките кои досега беа донесени, односно ќе можат да работат само надворешните делови на угостителските објекти.