Венко Филипче не верува ниту во своите избори, пред шест месеци го кандидираше за градоначалник, а сега го прогласи за неспособен пренесе Алфа. Откако завчера првично го нападна, вчера го прогласи за ВМРО-вец, денеска почна и да го навредува, не можел да исконтролира 10 крави. Лидерот на СДСМ ја продолжува отворената кавга со првиот човек на Крива Паланка, Сашко Митовски. Неговиот грев е што поради рудникот за антимон, интересот на граѓаните, го ставил над партискиот интерес на Бихаќка. Поради тоа според Филипче, Митовски одработувал за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски.
-Граѓаните викаат како може еден градоначалник кој што не може 10 крави да исконтролира, утре ќе контролира таков рудник, тој со 10 крави не може да се справи. Сега таков рудник ќе контролира во близина на Крива Паланка. Воопшто не е битно, тој случајно е градоначалник од СДСМ, во контекст на од која партија и да беше на и од која партија да беше, нашите барања ќе беа исти, изјави Филипче.
И покрај тоа што трет ден директно го напаѓа само еден од шестте градоначалници од својата партија, Филипче се уште лично не се ни обидел да стапи во контакт со Митовски. Само уште еднаш потенцираше дека мора да има референдум за рудникот.
-Тој има обврска да ги праша нив, ако е вистина дека има информации, барање од граѓаните, што бараме ние, токму тоа, ама формата е референдум, ќе не прави референдум за рудникот, ете тоа треба да се направи во Паланка, изјави Филипче.
Извор: Алфа
