Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Партијата денеска спроведе директни внатрепартиски избори, на кои регистрираните членови избираа претседател на партијата. Гласањето се одвиваше на 78 избирачки места низ сите општински организации. Според информациите од партијата, надлежната централна изборна комисија го затвори избирачкиот список со вкупно 23.712 активни членови.
Директни внатрепартиски избори во СДСМ: Членството денеска гласа за нов претседател
На денешните внатрепартиски избори во СДСМ, актуелниот претседател Венко Филипче се појави како единствен кандидат за функцијата.
Филипче претходно беше избран на вонредни избори во јуни 2024 година, по оставката на Димитар Ковачевски.
Извор: Плусинфо