-Ние минатата година дадовме препораки да нема големи митинзи и немаше и тоа што е битно е тоа што сите и политичките партии треба да знаат дека има препораки за тоа како собирите се организираат. И сега има општи препораки за организирање собири или настани на отворено или на затворено – колкав треба да е капацитетот зафатен од вкупниот капацитет на располагање, дистанците коишто треба да се држат и во рамките на одржувањето на настаните во рамките на протоколите ние не гледаме проблем. Значи, проблем има секогаш кога протоколите не се почитуваат, истакна министерот.
Тој потенцира дека болниците во другите градови низ државата за разлика од Тетово и Гостивар не се преполни. Го поврзува тоа со повисокиот опфат на вакцинација и се надева дека така ќе остане.
-Да, има случаи на заболени со Ковид после вакцинација, а претходно кои прележале и се исклучително малку. И тука знаете за оваа болест се уште медицината не дала одговори на се. Веројатно ќе помине подолго време да се види зошто е тоа карактеристика на имуниот одговор, зошто има пациенти коишто имаат лесна форма на болест – некои средна, некои тешка, некои за жал умираат се лекуваат по истите критериуми како и тие коишто се спасиле, а имале тешка форма на болест и сите овие сценарија коишто ги имаме кај вакцинираните. Значи, се уште многу аспекти во однос на предизвикувачот во однос на болеста се непознати. Меѓутоа, тоа што се знае е дека вакцината сигурно за 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И сега кога гледате во болниците околу 85 проценти се невакцинирани и затоа е повикот, акцентот сега не само кај нас, туку насекаде во светот да се заштитиме со вакцинација, рече Филипче.
По најавените нови пунктови за вакцинација во Тетовско Филипче потенцира дека сега се менаџира тоа поради почетокот на школската година.
-Добар дел од здравствениот кадар беа на годишни одмори па ние некаде ги прекинавме годишните одмори, некаде и доброволно се вратија тие коишто не беа заминати од земјава на работа за да се отворат дополнителни пунктови. По тој механизам се отвори и пунктот во салата „Борис Трајковски“ вчера во Скопје.
Во Тетово Филипче беше на средба со Теута Арифи каде ја соопшти одлуката на Кризниот штаб дека првите две недели ќе се почне со онлајн настава во средните училишта во полошкиот регион.