Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски упати искрени честитки по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

-Нашата различност е нашата сила, а заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава.

Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, со својот богат културен идентитет, традиција и придонес во развојот на Македонија.

Ви посакувам здравје, успех и благосостојба, со уверување дека заеднички продолжуваме да градиме општество на еднакви можности, почит и доверба.

Честит Меѓународен ден на Бошњаците!, објави Мицкоски.