На вечерашната средба на кандидадот за градоначалник за Општина Аеродром, Александар Филиповски, присуствуваше и потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче, кој побара од граѓаните да се вакцинираат.

-Вакцинацијата е клучен фактор и најсилно оружје во борбата со коронавирусот и најсигурен начин за стекнување колективен имунитет. Податоците покажуваат дека на удар се невакцинираните, затоа апелирам на одговорност, висока свест и совесност. Здравјето е наш приоритет – порача Филипче.

Тој во вечерашната средба го поддржа и кандидатот од редовите на СДСМ за Општина Аеродром.