Демантот на Мијалкови го пренесуваме во целост:

„Најостро ги демантираме лагите објавени во „Слободен печат” дека приведениот македонски дипомат во Мисијата на ОБСЕ во Виена, Миле Миленковски наводно бил роднина на Сашо Мијалков.

Приведениот Младеновски не е во никакво сродство со семејството Мијалкови, ниту пак сме чуле за тој човек. Доколку Сашо Мијалков имал таков роднина сигурно некогаш ќе го споменел или ќе сме го виделе, но ниту некогаш го спомнал тој човек, ниту сме го виделе.

Изворите кои ги крие „Слободен печат” го измамиле новинарот и медиумот и ги довеле во заблуда надевајќи се дека информацијата ќе биде објавена непрофесионално, без да се провери нејзината точност.

Се сомневаме дека изворите имаат скриена намера да го тргнат вниманието од себе и сопствената одговорност, инволвирајќи го без никаков аргумент името на Сашо Мијалков.

Со ваквиот начин на известување ни се нанесува штета на нашиот углед и угледот на Сашо Мијалков и бараме овој демант да биде објавен во целост од страна на „Слободен печат” и медиумите кои го преземаа невистинитиот текст.

Доколку тоа не биде сторено, ќе бидеме принудени правдата да ја бараме пред институциите.

Со почит,

Семејство Мијалкови“