-Моделот за скринингот е готов. Закаснивме една недела. Требаше да започне оваа недела, но подолго траеше анализата во училиштата. Со оглед дека сега е спремна методологијата, од утре ќе бараме согласност од родителите. Верувам дека до почетокот на следнеата недела тоа ќе се обезбеди и ќе се спроведе скринингот. Во однос на дополнителната мерка, ќе дискутираме во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, рече Филипче.
Филипче предложи мерка до Владата: За две недели дополнителни рестрикции во Македонија
Ф
За две недели, ќе се воведе и нова мерка против коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека таа ќе биде наменета за влез во затворени простории како што се угостителските објекти. Во однос на скринингот на училиштата, смета дека ќе започне од идната недела.