Мои битолчани, време е да направиме вистински и конкретни проекти за здрава Битола!, порача кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски. Мораме, додава тој, она што четири години е запоставено и несработено, со брзи чекори и конкретна акција да го надоместиме.

Проектот за ТОПЛИФИКАЦИЈА на Битола е проект на ВМРО ДПМНЕ кој во 2017 година, од страна на владата на СДСМ и менторот на Христо Кондовски – ВАСКО КОВАЧЕВСКИ, беше стопиран. Сега, после 4 години нивно владеење и апсолутно неработење за здрава животна средина во Битола, се обидуваат да го воскреснат овој проект како нивна идеја. Почитувани битолчани, СДСМ нема ниту идеја ниту реализација за Битола! 4 години НИШТО! Сосема иста приказна и со гасификацијата на Битола, помпезни ветувања од СДСМ уште од 2017-та а до ден денес – нула реализација! Бесрамно, Христо Кондовски ја ветува гасификацијата пред Битола и денес во 2021! Проектот за изградба на пречистителна станица во Битола, сосем ист епилог – прекинат веќе 4 години заради неработењетона СДСМ!!!, потенцира Коњановски.

Мои битолчани, вели тој, Битола не смее да доживее ниту една еколошка хаварија повеќе.

Гарантираме енергетски ефикасна општина преку обезбедување приклучок за гас до секој дом, по финализирањето на примарната гасоводна мрежа!

ГАРАНТИРАМЕ субвенционирање на енергетско-ефикасни фасади на зградите за колективно домување.

Гарантираме субвенции за соларни и фотоволтаични панели.

Гарантираме субвенционирање за соларни колектори за домаќинства!

Имаме пакет стимулативни мерки за изградба на постројки од обновливи извори на енергија.

Гарантираме 100 процентн покриеност со штедливо лед јавно осветлување.

Создаваме иднина преку акција, идеи, проекти за зелена Битола! Затоа што за Битола треба да се работи, а не од неа да се заработи!

За седумката на седумнаесетти!, порача Коњановски.