-ЕМА потврди, АстраЗенека е безбедна, нема причинско-последична врска со претходно пријавените случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „24 анализа“.
Тој истакна дека кај нас пратиме две работи.
-Секогаш водиме сметка за да се соодветно испитани вакцините и да ги имаат соодветните сертификати за квалификации потврдени од регулативните тела ЕМА и Американската агенција. И секако водиме сметка што укажуваат националните агенции во овие ЕУ земји, кои што привремено го запреа вакцининирањето. Смртноста е многу помала, незначително од заразеноста и смртноста од корона, рече Филипче и нагласи дека ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека кога ќе пристигне.