Тој појасни дека тоа што се создаде малку сомнеж, компликации, несакани ефекти од вакцината на „Астра Зенека“ и поради што неколку национални агенции на некои европски земји го запреа вакцинирањето, вчера, како што рече, дефинитивно го демантираше European Medicines Agency (EMA), во смисла да потврди дека вакцината е целосно безбедна и нема никаква директна причинско-последична врска помеѓу тие несакани ефекти и вакцината.
-И затоа сега сите европски земи коишто привремено ја запреа вакцинацијата ќе ја продолжат вакцината на „Астра Зенека“. И според нашите сознанија, деталните анализи на публикациите коишто излегуваат од овие несакани ефекти, анализата на упатствата од буквално сите вакцини коишто ги имаме и коишто ќе дојдат во нашата земја се, дека сите вакцини се безбедни и корисни и дека служат за вистинската цел за која што треба, а тоа е да спречат несакан смртен слуај од болеста или тешка форма на болеста, нагласи Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање дали масовната имунизација во земјава ќе почне со вакцината на „Астра Зенека“, Филипче рече дека сега навистина не може да каже.
-Имаме некои најави за тоа кога треба да стигнат вакцините на „Астра Зенека“. Тоа што сигурно го знаеме дека дефинитивно прва вакцина која што ќе стигне преку ковакс-механизмот е на „Астра Зенека“, доколку не стигнат кинеските вакцини претходно, тоа ќе биде „Астра Зенека, изјави Филипче.