Министерот Венко Филипче вели дека државата е овластена за изедначување со референтните цени од Фондот за здравство и ги повика сите пратеници да ги поддржат измените на законот како, за сумите да бидат издржливи за сите граѓани.
-Државата, освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја, порача Филипче.
Предлог-закон по скратена постапка со слични суми денеска во Собрание поднесоа и пратениците од Левица, Апасиев и Крмов.
Во приватните клиники десетина дена на интензивен оддел чини меѓу 12 и 15 илјади евра. По апелите од Фиипче, доброволна само Жан Митрев Клиник ги намали цените, а доколку законот помине, тоа ќе биде обврска за сите..