Министерот додаде дека само вакцинирани луѓе и таму во европските земји може да влегуваат и на настани и во угостителски објекти. Секаде како критериум, како што рече, се бара вакцинацијата и затоа сме спремни со тие сертификати. Тој посочи дека му е драго што интензивната работа на тимот се исплатела, сега се признаени тие сертификати за вакцинација.
– Очигледно е дека сите земји во светот се повеќе ќе ставаат акцент исклучиво на вакцината како еден инструмент којшто го имаме сега, а го немавме минатата година и тогаш се воведуваа сите овие мерки и рестрикции, но генерално концептот е вакцинираните луѓе да имаат нормални животни навики како што беше пред пандемијата, нагласи Филипче.