– Одлуката што ја донесе Европската Унија и нам ни оди во прилог, односно на нашата политика, а тоа е да има што поголем број вакцинирани граѓани. Токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ни ПЦР, нема ни карантин. И тоа доказ дека целиот свет оди во тој правец, да се нормализира животот, целосно свесни дека само така може да се врати нормалниот живот и движењето на луѓето кои се целосно вцакцинирани. И во Европа само вакцинирани луѓе може да влегуваат секаде и на разни настани. За патување во земјите од ЕУ, на пример Германија на вакцинираните лица не им се потребни ПЦР тестови и карантин. Исто така, знам конкретно за Германија, потребен е ПЦР на оние кои не се вакцинирани, но задолжителен е 5-дневен каранти, потоа тестирањето ќе се повтори. На тој начин се обезбедува земјата од ширење на вирусот, истакна министерот.

Филипче информираше и за опфатот на вакцинацијата, нагласувајќи дека најмногу, околу 50-60 отсто од граѓаните се вакцинирани во Охрид, Кавадарци, Неготино, а најмалку во Гостивар, каде едвај се вакцинирани околу 20 проценти од популацијата.

-Нагло се зголемува заинтересираноста за вакцинација во Тетово, таму има најголем раст за околу 15 отсто. Досега со една доза е вакцинирано 43 проценти од населението кои се над 18 години, 28 проценти над 18 до 39 години, 52 проценти на 40 и над 40 години. Околу 73 проценти се вакцинирани граѓаните над 70 години.