Тој воедно им порача на граѓаните да се вакцинираат.

– Можам да разберам дека одредени мерки наидуваат на негодување. Секоја мерка е за што побрза имунизација и пресекување на ширењето на вирусот. Имаме постојан пораст на вакцинацијата и сакам да ни помогне секој кој смета дека вакцинацијата е единствен излез од пандемијата. Пандемијата донесе тага, ги испразни училишните клупи. Драстично ни го промени животот. Вакцинирајте се, само така се заштитувате себеси, истакна Филипче.