Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.
-Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност, вели Филипче