-Македонија, како и други земји со жители од неколку милиони, се соочи со проблем големите компании да не одговораат на барањата за договор за испорака на вакцини. Се одеше според големината на пазарот и се применуваше принципот на доверливост имплементирано во сите земји во светот. Близу 55.000 граѓани до денеска се вакцинирани, функционира КОВАКС-системот кој за волја на вистината започна подоцна отколку што очекувавме.Многу компании не се согласија да ни продаваат, кинеските компании не ни одговараа на повиците. Нема таква исплата на аванс од 12 милиони евра. И тоа го проверува ДКСК, ние сме отворени и транспарентни, немаме што да скриеме, рече Филипче.
Филипче денеска при одговарање на пратеничко прашање истакна дека во петок наутро се очекува да пристигнат кинеските вакцини.
-Кинеските вакцини ги очекуваме да пристигнат овој викенд, конкретно во петок наутро да пристигне количината од 200 илјади вакцини, порача Филипче.