Златарницата „Шоме“ се наоѓа во близина на Елисејските полиња во Париз.
Како што објави весникот „Паризиен“, разбојникот, кој дошол со скутер, влегол во познатата златарница околу 17 часот со пиштол и одзел накит и скапоцени камења, без насилство.
Познатата златарница „Шоме“ во Париз попладнево околу 17 часот е ограбена од страна на разбојник, кој одзел накит и скапоцени камења во вредност од два до три милиони евра, јави дописникот на МИА од Париз.