ФИФА ги објави ТВ рејтинзите на натпреварите од Светското првенство одржано во Катар на крајот на 2022 година.

Воведниот натпревар на Мундијалот меѓу репрезентациите на Катар и Еквадор го следеа 550 милиони гледачи.

Финалето на Светското првенство 2022 година помеѓу Аргентина и Франција го следеа 1,5 милијарди гледачи на телевизија.

Светски шампион стана репрезентацијата на Аргентина.