Просечната посетеност на натпреварите од кошаркарската Евролига во тековната сезона е 8.810 гледачи. Ова е највисоката посетеност во историјата на лигата.

Рекордот досега го имаше незавршената сезона 2019/20 со просек од 8.739 по меч.

Оваа сезона најгледан тим во Евролигата е белградски Партизан на чии домашни мечеви има во просек 16.300 гледачи.