Неофицијално дознаваме дека е уапсен конзул на странска држава и директори од РЕК, и дека станува збор за Марковски кој ја води компанијата Марковски… Во прашање е местење на тендер во износ од околу 100.000.000 денари испумпани од државниот буџет.
Претходно оваа компанија беше посочувана за една од најомилените на минатата влада.
Тогаш на прес конференции беше обвинета дека омилената фирма на власта ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери во РЕК Битола. Власта на СДСМ и ДУИ ангажирала приватни булдужери, кои граѓаните ќе ги чинат над 16.000 денари за само еден час работа.
Овој договор чини неверојатни 16.253 денари по час и значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра. Марковски за две години имаат заработено 200 милиони евра од државата.