Република.мк дознава дека полицијата вршела претрес и во домови на заболелени од ковид кои во моментот на претресот се во изолација и се лекуваат.
Според информациите на порталот идентитетите на тие лица се познати, но од објективни причини нема да ги соопштаат во моментов.
Одземени се мобилни телефони и други предмети.
За невиден терор од страна на власта и притисок пред седницата за гласање недоверба на Владата утрово информира и пратеникот Јован Јаулески. Финансиската полиција упаднала и во неговиот дом, наводно вршела предистрага.
– Ова се класични потези на очај на режимот во паѓање. Ова е хунта, се работи за обид за притисок врз моите родители на денот на гласањето за недоверба на оваа влада, изјави Јаулески.
И претставници на другите партии од новото парламетнарно мнозинство сведочат за невидени притисоци врз пратениците кои денеска треба да гласаат за недоверба на Владата.
Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Адријанит Хоџа од Беса потврдуваат дека власта на СДСМ и ДУИ врши невиден притисок врз пратениците.
Финансиската полиција беше главен адут за „предизборно убедување“ на граѓаните и за време на изборната кампања за локалните избори. Тогаш лично директорот на Полицијата Арафат Муареми одеше по селата и се закануваше со инспекции.