Фински сеизмолози минатата недела регистрирале пет подводни експлозии во руските води во Балтичкото Море, соопшти денеска .

Детектиравме пет експлозии, најголемата јачина од 1,8 степени (по Рихтеровата скала), а најмалата 1,3 степени. Четири експлозии се регистрирани во четвртокот и една во петокот во руските територијални води во Финскиот Залив, изјави директорот на Сеизмолошкиот институт на Универзитетот во Хелсинки, Тимо Тиира.

Тој додава дека е јасно дека станува збор за експлозии, а не за сеизмичка активност. Тиира вели дека не е познато која била причината, но слични експлозии биле откриени и при претходните поморски вежби и чистење на стари мини од морското дно.

И претходно сме откривале експлозии во истата област, но не многу често и не секоја година, потенцира Тиира.

Руското Министерство за одбрана засега нема коментар.