Според него, тие вкупно ќе обучат 160 технички лица кои ќе бидат на готовс на изборниот ден.
-Тие 15 инженери кои се најавени во земјава на изборниот ден, веќе 10 пати беа тука, сами си плаќаат сместување, авионски карти. Гаранцијата на компанијата за терминалите и опремата за фингерпринтовите е 5 години, додава Даштевски.
За терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти, со обуки и печатени упатства ќе се едуцираат и избирачките одбори. Опремата на „Дермалог“ се чува само во ДИК, а понатаму дел ќе се распредели и во просториите на Клубот на пратеници.
–Полицијата ја чува опремата 24 часа, со двојна заштита, се е заклучено и плус горе има и чувар. 520 уреди се набавени за резерва, информира Даштевски.
Вчера пристигна серверот за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.
„Дермалог“ е приватна компанија со 22 отсто државен удел преку германската Сојузна печатница, а контролата на работењето е во рацете на германското Министерство за финансии.