По објавените информации за продажбата на бизнис центарот Соравиа во строгиот центар на Скопје, дознаваме дека една од двете компании кои се дел од оваа зделка всушност е фирма на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, лидерот на владејачката партија ДУИ, пренесува МКД.мк

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.

Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“. Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3.

Инаку Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат.

 

Основната дејност на „Еверест ДЖД“, основана во 2005 година, е „изградба на други објекти од нискоградба“. Оваа компанија има активна концесија (до 2026 година) за експлоатација на минерални суровини – варовник на локацијата Буковиќ, општина Зајас.

„Пе-вла-ку“ е една од најголемите градежни компании во Албанија и Косово, основана во 2005 година.

За богатството на семејството Ахмети неодамна објави видео од внукот на лидерот на ДУИ, денеска потпретседател на движењето Беса, Фатмир Лимани. Во таа објава Лимани ја споменува и експлоатацијата на локалитетот Букович.
Osnovnata dejnost na „Everest DŽD“, osnovana vo 2005 godina, e „izgradba na dru