Владата ја задолжи општината Радовиш да и продаде на фирмата во која една од сопственичките е сопругата на премиерот, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа. Владата не кажува по која цена ја продала парцелата, но според тафирникот, цената е 70 денари за метар квадратен, пишува Радио Слободна Европа.
Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа. Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава.
Според објавата во Службен весник Владата донела одлука за продажба на државно земјиште на компанијата „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела за која фирмата веќе имала во сопственост 30 проценти. Оваа одлука стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе општината Радовиш. Компанијата имала план да изгради фотоволтаичнa централа со енергетски капацитет од 1,8 мегавати.
Земјиштето чини 70 денари за метар квадратен
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Радев за РСЕ вели дека процедурата за комплетирање на парцелата е во завршна фаза и дека Владата ја задолжила општината да ја продадат државната парцела. Според инфраструктурниот проект, земјиштетото ќе биде продадено по 70 денари за метар квадратен.
„Тука завршува постапката кај нас, потоа сите документи се испраќаат кај државниот правобранител кој го штити државниот имот, и доколку нема никакви формално правни пречки, ќе се склучи договор за продажба на земјиште, тоа е стандарна постапка, како за сите, така и за Сол Груп 5“ вели градоначалникот Ристов.
Државната парцела од 1 .119 метри квадратни е дел од неспоредна спогодба за дооформување на парцела, која според Урбанистичкиот план изнесува 22 илјади метри квадратни. Што значи дека за оваа парцела фирмата ќе треба да плати 1.273 евра. Со ова парче се комплетира сложувалката со која фирмата Сол Груп 5 ќе може да бара одобрение за градба на фотоволтаична централа.
Повеќе прочитајте на Радио Слободна Европа