На средбата се отворија прашања за инфраструктура, енергетика, дигитализација и технолошки иновации
Во Виена денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одржа работна средба со компаниите членки на Здружението на индустријалци, на која во фокусот беа новите економски можности и продлабочувањето на деловната соработка меѓу двете држави.
Муцунски пред претставниците на австрискиот приватен сектор ги претстави економските и трговските политики што ги спроведува Владата, како и мерките насочени кон привлекување странски инвестиции и создавање подобри услови за инвеститорите.
На средбата се разговараше за заеднички иницијативи во инфраструктура, енергетика, дигитализација и технолошки иновации. Беше посочено дека постои реален потенцијал за зголемување на трговската размена и значајно засилување на инвестициите преку нови партнерства што би придонесле за посилна економска соработка.
