Четворицата осомничени, меѓу кои и таткото на киднапираната и убиена Вања, Александар Ѓорчевски вечерва во осум часот повторно ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, каде што треба да се одлучува за нова мерка притвор, односно дали ќе добијат 30 дена, неофицијално дознава „Фокус“.
Според нашите информации, тие вечерва ќе бидат спроведени од затворот „Скопје“ во Кривичниот суд, каде најверојатно пак ќе даваат исказ и ќе се одлучува за нов притвор, со оглед на тоа што претходно беа притворени само 48 часа.
Таткото на Вања деенска во текот на денот даваше исказ по вторпат, но тој упорно негира дека бил вмешан во киднапирањето на неговата ќерка, кој само три часа откако била грабната од влезот во зградата, каде што живеела со нејзината мајка и сестра, веднаш била убиена.
Целиот текст на ФОКУС