Таа ги повика членките на ЕУ да ја забрзаат вакцинацијата и рече дека 500 милиони дози ќе бидат распределени низ Унијата до утре.

– Европската унија го одржа својот збор. Викендов доставивме доволно вакцини на земјите-членки за да можеме да вакцинираме најмалку 70 проценти од возрасните овој месец, рече Фон дер Лајен.

Таа предупреди декаКовид-19 сè уште не е поразен.

– Подготвени сме да испорачаме повеќе вакцини, вклучително и онаа против новите варијанти, рече таа.