Постои голем притисок врз земјите-членки да набават вакцина за себе, рече Фон дер Лајен за „Функе медиа груп“.

Сепак, шефицата на ЕК ја нагласи финансиската поддршка на Унијата за иницијативата Ковакс и напорите на Светската здравствена организација да им се обезбеди пристап до вакцините на посиромашните земји.

Европската унија инвестираше 2,2 милијарди евра во оваа иницијатива. Ковакс веќе испорача 30 милиони дози во 52 земји, рече Фон дер Лајен.

Механизмот што и овозможува на Унијата да споделува вакцини директно со другите земји нема да започне, како што рече шефицата на Комисијата, „сè додека немаме подобра состојба на производство во ЕУ“.