Македонија постигна успех во Планот за раст, напредокот е навистина импресивен, за тоа зборуваат и добиените средства од ЕУ, изјави денеска во Скопје по средбата со премиерот Христијан Мицкоски претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен.

Пофалбите од неа пристигнаа и за „Везилка“, платформа создадена од овој владин тим преку која Македонија ќе се приклучи кон ЕУ на поинаков начин, со што новите компании ќе добијат шанса преку вештачка интелигеција да и се приклучат на Унијата.

Фон де Лајен на новинарско прашање вешто избегна да одговори зошто не сме меѓу 4-те кандидати со патоказ, но призна дека со премиерот Мицкоски разговарале за интензивирање на преговорите со Бугарија и за деблокада на македонскиот евроинтегративен пат закочен од официјална Софија и покрај одличните резултати во реформите, но тоа го кажа дури откако тој истото го пренесе во неформалниот дел од прес-конференцијата. Како што кажа претседателката на ЕК, „првиот чекор е следната недела да направиме поконкретен обид за деблокирање на процесот со Бугарија“. Мицкоски изјави дека веќе му дал насоки на министерот Муцунски за иницирање средба со неговата колешка од Бугарија.

По средбата со премиерот, Фон Дер Лајен се сретнува и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Средби со кој било од опозициксите лидери не се превидени и нема да се оддржат.