Фондацијата „Фросина Кулакова“ започнува официјална соработка со Министерството за внатрешни работи, преку потпишување Меморандум за соработка насочен кон унапредување на безбедноста во сообраќајот и превенција на сообраќајни несреќи.

Од Фондацијата информираат дека партнерството е дел од нивните активности за подигнување на јавната свест, спроведување едукативни и општествено одговорни кампањи, како и обезбедување поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи.

Со меморандумот се предвидува заедничко делување преку превентивни мерки, јавни кампањи и активности насочени кон намалување на ризиците во сообраќајот и заштита на човечкиот живот како приоритет.