Четвртта година во низа Безос е најбогатиот човек на светот. Во годината во која пандемијата на коронавирусот ја промени светската еконимија и кај многумина предизвика финансиски проблеми, се зголеми бројот на милијардеди во светот.

Годинава милијардерите вредат вкупно 13,1 билион долари, во однос на 8 билиони долари лани, соопшти Форбс.

-Многу, многу богатите, станаа екстре , екстра богати, изјавил главниот директор на Форбс за содржина Рендал Лејн во интервју за Ројтерс.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск се искачил на второто место на листата на најбогати луѓе на светот, што е огромен скок за првиот човек на Тесла, минатата година Маск беше на 31 место на листата на милијардери.

По Маск следуваат извршниот директор на ЛХВМ Бернар Арно, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и извршниот директор и основач Фејсбук Марк Закерберг.

По прв пат во последните две децении бизнисменот Ворен Бафет не е меѓу петте најбогати луѓе на светот.

На листата на Форбс има 493 нови имиња на кмилијардери, меѓу нив е и Витни Вулф извршната директорка на апликацијата „ Bumble”.