11 автобуси од Скопје тргнаа за поддршка на Александар Вучиќ

11 автобуси од Македонија тргнаа утрово да му дадат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. Околу 600 луѓе тргнаа од Скопје да го поддржат собирот „Не ја даваме Србија“ чиј централен собир е пред српскиот парламент во 19 часот.

Повеќе може да погледнете и од фотографијата во продолжение.

11 автобуси од Скопје тргнаа за поддршка на Александар Вучиќ
11 автобуси од Скопје тргнаа за поддршка на Александар Вучиќ

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

Во Белград денеска ќе се одржи вториот ден од собирот „Не ја даваме Србија“ по повод основањето на национално движење првично наречено Движење за народот и државата, на кој ќе зборува претседателот на државата, Александар Вучиќ.

Програмските активности почнуваат во Белград во 13 часот додека централниот собир ќе биде пред Парламентот во 19:00 часот.

За време на тридневната манифестација, како што е најавено ќе се одржи културно-забавна програма заедно со промоција на политички идеи и барања.

Првиот ден од тридневниот митинг „Не ја даваме Србија“ почна вчера со дефиле на знамиња, кога беше претставено српско знаме долго 200 метри, кое заедно со граѓаните го донесе претседателот Александар Вучиќ.

Вучиќ на 8 април ги повика граѓаните на овој собир, што ќе трае до утре во име на новооснованото „Движење за народот и државата“.

Позадина на собирот – неколкумесечни собир против Вучиќ

Студентите во Белград од масовниот протест: „Заедно да ја разбудиме Србија!“

Собирот се одржува во ек на неколкумесечни масовни протести организирани од студентите кои ги блокираат државните универзитети со барање да се утврди одговорноста на властите за смртта на 16 лица кога се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.