По вчерашната објава на Радио Лидер, МВР излезе со детали дека 18-годишен возач прегази скопјанец со тротинет. МВР информираше дека повредениот се здобил со тешки повреди.
– На 13.07.2023 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(18) од Скопје, удрило во тротинет, управуван од К.Т.(36) од Скопје. Во несреќата К.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
Како што информиравме и вчера, од првичните информации кои можевме да ги забележиме на терен, станува збор за судир меѓу електричен тротинет и Опел Астра.
Фотографиите може да ги погледнете во продолжение: