Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека македонската полиција им издавала пасоши на повеќе балкански криминалци и нарко-босови, со лажен идентитет.

Еден од нив е и криминалецот од Турција Седат Пекер, кој кон крајот на јануари беше уапсен во Скопје и протеран во Косово бидејќи имал косовски пасош.

Пекер престојувал во мал хотел во Петровец, а додека пресојувал во Македонија и имал средби со криминалци, но и со градоначалници од власта и политичари.

Пекер воопшто не криел за неговите средби со функционери, па дури и на неговиот Фејсбук профил тогаш можеа да се забележат фотографии од средби со познати бизнисмени и со градоначалници.

Тој бил гостин на ФОН универзитетот и кај сопственикот Сефер Цановски. Коалициониот партнер на СДСМ, Цаноски воопшто не криел и јавно објавил за средбата со криминалецот Седат Пекер.

Тие имаат објавено и друга заедничка слика.

Кандидатот за пратеник во ИЕ2 и коалиционен партнер на СДСМ, Мунир Колашинац исто така се дружел со Седат Пекер.