Белгиската полиција во специјална акција утринава застрелала маж осомничен за убиството на двајцата шведски навивачи вчера, пред натпреварот меѓу Белгија и Шведска од квалификациите за ЕВРО 2024.
Се работи за терористот Абдесалем Л, кој синоќа изврши терористички напад во Брисел, убивајќи двајца шведски напаѓачи.
Анелис Верлинден, министерката за внатрешни работи на Белгија, објави дека е „неутрализиран“ во бриселската населба Шарбек.
Маж е застрелан во кафуле во Шаербек, но според последните информации тој е реанимиран и е пренесен во болница.
Според полициски извори, во престрелката утринава се повредени неколку лица, но сѐ уште нема јасни околности како дошло до пукањето.
Оружјето употребено во вчерашниот напад било пронајдено покрај застреланиот.
„Оружјето со кое наводно биле извршени нападите е пронајдено на местото каде што е пронајден маж утринава во Шаарбек. Ова ја зголемува веројатноста дека сторителот е фатен. Сега земаме отпечатоци од прсти за да бидеме 100% сигурни“, се вели во соопштението од белгиската полиција.
RTBF потсетува дека Абдесалем Л.(45), кој по потекло е од Тунис, е осомничен дека синоќа околу 19:15 часот во Брисел испукал истрели од огнено оружје, при што убил двајца Швеѓани и ранил трето лице, исто така од Шведска, а не такси возачот како што беше претходно најавено.
Како резултат на тоа, Националниот кризен центар го подигна нивото на тревога на максималното ниво 4 во главниот град на Белгија.
Нападот се случи на маргините на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска во Брисел во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.