Натпреварот меѓу Белгија и Шведска, кој се играше во рамки од квалификациите за Европското првенство во Германија, не го дочека својот крај. Причината е терористичкиот напад во Брисел, кој се случи непосредно пред почетокот на овој дуел, а во кој настрадаа двајца навивачи на Шведска, а има и десетици повредени.

Откако се рашири веста дека двајца државјани на Шведска се убиени од страна на терорист, фудбалерите на двете селекции одбиле да го продолжат натпреварот во Брисел, а поради безбедност навивачите долго време останаа на трибините.

Нивната евакуација започнала по полноќ, а како што пишуваат светските медиуми, тоа личело на воена операција, затоа што напаѓачот тогаш не беше фатен. Напаѓачот е по потекло од Тунис и се претставувал како член на ИСИС.

До моментот на прекин на натпреварот, резултатот беше 1-1.

Најновата вест за овој инцидент е дека напаѓачот е застрелан во белгиско кафуле. Повеќе прочитајте во продолжение: