Недвижностите во Македонија пораснале најмногу во целиот регион, покажува најновата анализа на бугарскиот медиум „24 Часа“. Македонија е лидер по раст на цената на недвижностите во регионот, а медиумот пишува за Скопје и Охрид.
Детална анализа низ бројки
Низ бројки анализата е следна: Во Македонија стапката на раст е 20,6 отсто. Следува Албанија со 17,6 отсто. На третото место е Босна и Херцеговина со 17 отсто стапка на раст. Следни во низата се Грција 13,4%, Бугарија, 9,2%, па Црна Гора со 9%. На последните места се Србија со 6,5%, Романија со 6,49%, а последна е Хрватска со 3,5 отсто раст.
На што се должи растот во регионот?
Бугарскиот медиум пишува дека туризмот во Хрватска, Црна Гора, Грција и Албанија носи странски купувачи. Тие посочуваат дека благодарноста таму е поголема од нивната Бугарија. Наведуваат дека цените на недвижностите во Бугарија растат и во последните 2-3 години кај нив редовно е во топ 10 по поскапување во Европа.
„Лудило на Балканот со поскапување на цените на становите“
Поскапувањето бугарскиот медиум го опшува како „Лудило на Балканот со поскапување на цените на становите“. Има најмалку четири земји околу Бугарија каде што цените се зголемиле многу повеќе.
Зошто во Македонија растат цените? Потенцијален влез во ЕУ?
Бугарскиот медиум се осврнува на нашата држава. Во продолжение го цитираме нивниот заклучок
Во соседна Северна Македонија, најновите статистички податоци покажуваат дека имотите исто така поскапуваат со висока стапка од 20,6%. Најверојатната причина за сегашниот раст е тоа што од 2020 година земјата веќе е во формални преговори за влез во ЕУ и дури сега се забележува како место за инвестирање.
Истото важи и за Албанија, која е следна во рангирањето по поскапување балканските земји со годишен раст од 17,6%.
Станови во центарот на Скопје со две спални соби и површина од 80-100 метри квадратни може да се купат за 80-100 илјади евра. Тие се поскапи само луксузните големи куќи во кафеаните надвор од Скопје, но и нивната цена ретко надминува 300 илјади евра.
Да се купува стан во Скопје или да се чекаат „подобри времиња“?
Дури и градежни парцели во Охрид погодни за хотели, иако не на брегот на езерото, може да се купат релативно разумни количини.
Неверојатен раст на становите во Истанбул?
Тие го спомнуваат и Истанбул. Во турската метропола становите моментално се 12 пати поскапи од пред 9 години. Тие го опишуваат овој феномен како лудило на рст во Турција.
Целата анализа детално може да ја погледнете во оригинал на нивната страница. Повеќе прочитајте ТУКА.