Срамната анкета на Фокус која наводно професионално ја спровела агенцијата Стратум РД (Добитник на владини пари преку Фондот за иновации) попладнево исчезна од насловната страница на порталот на весникот, пренесува Експрес.
Веста за анкетата нарачана од Фокус според која Ковачевски е најпопуларен политичар веќе не може да се најде меѓу 15 најважни вести на порталот кои се објавени на еден од трите слајда со главни и најважни наслови на денот.
Исчезнувањето на оваа вест е чудно затоа што весникот кој ја нарачал анкетата со тоа се откажува од можноста да искористи промоција како сериозен медиум кој учествува во анализи на јавното мислење.
Исчезнувањето на веста од насловната страница се случува по вчерашната громогласна најава на анкетата која беше пренесена од медиумите блиски на СДСМ како вистина и денешните негативни реакции во јавноста.
Неделникот Фокус најверојатно соочувајќи се со дебакл пред јавноста, особено по откритието дека во анкетата некои параметри оделе над 100 проценти од испитаниците, одлучил тивко да ја закопа анкетата која ниту му помогна на СДСМ а направи огромна штета за весникот кој важеше за сериозен медиум.
Фокус засега не ги демантира информациите дека се работи за сомнителна анкета која не ја прикажува реалноста и објавува неточни и невозможно податоци, како на пример дека дури 104 посто од испитаниците одговориле на прашањето за промена на уставот.
Во анализата на анкетата нема точен датум кога е таа направена туку пишува на почетокот на Октомври што значи дека 1200 испитаници се анкетирани за неколку дена а резултатите се експресно анализирани, за што според експерти се потребни најмалку две недели.
Посебно прашање е дали и колку пари платиле од Фокус на агенцијата Стратум РД која наводно ја спровела анкетата.