АПОКАЛИПТИЧНИ СЛИКИ ОД ЉУБАНЦИ. Со овој наслов е објавата на граѓаните од Бутел која се споделува на социјалните мрежи.
-И три дена по невремето кое ја зафати нашата општина состојбата во Љубанци е се уште иста. Сликите доволно покажуваат во каква состојба е Љубанци. Дали општина Бутел и Велимир Смилевски го заборавија Љубанци дека постои? – прашуваат граѓаните од општината.
Понатаму, во објавата се наведува:
„ДАЛИ ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ТЕРЕН ДА ИМ ПОМОГНЕ НА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЉУБАНЦИ?
ЌЕ СЕ РАСЧИСТАТ ЛИ ПАТИШТАТА ЗА ДА МОЖЕ БЕЗБЕДНО ДА СЕ СТИГНЕ ДО ЉУБАНЦИ И НЕПРЕЧЕНО ДА ФУНКЦИОНИРААТ ЖИТЕЛИТЕ“?, напишаа тие на профилот.