Сообраќајна несреќа се случи на крстосницата кај Градската болница „Свети Наум Охридски“, пренесе СкопјеИнфо.

Според првичните информации, автомобил со скопски регистерски таблички удрил во мотоцикл.

Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот се обидел да се приклучи кон улицата „Филип Втори Македонски“.

Засега нема податоци за повредени лица, но екипите на МВР се на терен.

На истата крстосница во изминатите месеци се случија повеќе сообраќајни несреќи, меѓу кои и помеѓу автомобили и мотоцикли. Во овие незгоди имаше и потешко повредени лица.