Несекојдневна ситуација е забележана во малото место Барбат, на хрватскиот остров Раб, каде автомобил завршил со предниот дел во Јадранското Море. Фотографиите објавени на социјалните мрежи го прикажуваат возилото како виси од пристаништето, додека љубопитни туристи ја набљудуваат сцената и фотографираат.
Засега нема информации како автомобилот завршил во морето, ниту дали во инцидентот има повредени. Случајот предизвикал бројни реакции на социјалните мрежи, а дел од корисниците на шега коментирале дека жешкото време ја натерало и колата да се „разлади“ во Јадранското Море.
Фотографиите од настанот ги објави страницата „Crna Kronika Hrvatska“ на „Фејсбук“.

