Американскиот претседател Џо Бајден се шегуваше дека се „покрил со песок“ откако се сопна и падна додека беше на сцената на дипломирањето на американската академија на воздухопловните сили.

Тој ги поздравуваше матурантите во Колорадо Спрингс, Колорадо, пред бината со поздрави и ракувања, потоа се сврти назад за да се врати кон своето седиште но се спрепна и падна.

Нему му помогна офицер на воздухопловните сили, како и двајца членови на неговото обезбедување. Бајден, кој на 80 години е најстариот американски претседател на функцијата, веднаш стана, а од Белата куќа соопштија дека тој не е повреден и дека се чувствува добро.

„Добро е“, напиша на „Твитер“ директорот за комуникации на Белата куќа по инцидентот, додавајќи: „На сцената имаше вреќа со песок додека се ракуваше“.