Голем број на играчи, менаџери, меѓу кои и Јирген Клоп ја критикуваа оваа идеја, велејќи дека истото би создало големи проблеми за помалите клубови.

Истовремено, додека овие клубови се групираат во елитното натпреварување, фудбалски клубови од Балканот се собраа да основаат тн. „Бетон Суперлига“.

Како што велат основачите, во оваа лига нема да бидат важни парите, туку дружењето, вистински фудбал, поврзување, хуманитарна работа и размена на искуства. Сето тоа, сметаат дека ќе го направи фудбалот подобар и поатрактивен.

Иницијативата е објавена најпрво на шала од страна на „ФК Рекреативо“ од Бања Лука на Твитер, но кратко потоа беше сериозно прифатена од српскиот клуб ФК Миљаковац, неодамна основан и со хуманитарна мисја.

Покрај нив, се приклучи и македонскиот ФК Осогово, кој претставува вистински хит на социјалната мрежа Твитер. Повикот на Осогово веднаш беше реобјавен од страна на ФК Вардар од каде напишаа дека и тие би учествувале во ваква лига.