Фотографијата која го обиколи светот е бебе извлечено од урнатините од разорниот земјотрес што ги потресе Турција и Сирија утрово. Земјотресот беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а еден час подоцна следеше нов потрес со јачина од 6,7 степени.
Акцијата за спасување трае со часови, а спасувачите со сите сили се обидуваат да ги извлечат мртвите и повредените од урнатините. Спасувачите по напорни акции успеале да пронајдат неповредено дете и да го доведат на сигурно.
Турските медиуми исто така јавија дека седум часа по земјотресот од урнатините е спасено и петгодишно девојче.