Новогодишен дочек на Градскиот плоштад во Охрид

На 31 декември, на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски,“ охриѓани и туристите ќе имаат можност да ја дочекаат Новата 2025 година со богата музичка програма. Ќе настапат поп-дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, како и DJ Gec и DJ Face.

Дневна забава на 1 јануари

На првиот ден од Новата година, на истиот плоштад ќе се одржи дневна забава. Уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“ ќе се погрижат за доброто расположение на присутните.

Повеќе погледнете во продолжение:

„Охридска новогодишна приказна“

Новогодишната програма годинава го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна,“ кој започнува на 24 декември. Програмата содржи 20 забавни настани насочени кон најмладите. Некои од активностите ќе се одржуваат напладне, додека други се предвидени за вечерните часови.