Македонскиот јазик доби потврда, Бугарија со жестоки реакции

Македонската дипломатија запиша значајна победа во Европскиот парламент, откако Комитетот за надворешни работи го усвои Извештајот за Македонија со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“. Иако извештајот содржи поддршка за европската интеграција на земјава, а во него се потврдуваат македонскиот јазик и идентитет, тоа предизвика бес и политички тензии во соседна Бугарија.

„Бугарскиот предлог не доби поддршка“: Извештајот за Македонија помина во Комитетот на ЕП

Политичарите во Бугарија бараат оставката од Бугарската влада по поразот во Европскиот Парламент

Најжестока беше реакцијата од лидерот на бугарската ултранационалистичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, кој побара оставка од бугарската влада. Тој ја обвини дека не ги заштитила, како што рече, „бугарските интереси“ во европскиот процес на Северна Македонија.

„Честитки до нашите сојузници во ЕУ кои докажаа дека со вакви сојузници, не ни требаат непријатели“, напиша Костадинов на Фејсбук, алудирајќи на европските партнери кои не го поддржаа амандманот со кој се бараше терминот „модерен македонски јазик и идентитет“ да биде вметнат во извештајот.

Бугарските медиуми пренесуваат дека тој бара оставка од нивната бугарска влада.

Лидерот на партијата „Преродба“, Костадинов бара оставка од бугарската влада
Лидерот на партијата „Преродба“, Костадинов бара оставка од бугарската влада

Но, Костадинов не е единсвен којшто го искажува своето незадоволство. Полемиката се прошири и внатре во Европскиот парламент. Бугарскиот европратеник Радан Канев посочи дека токму пратеници од унгарската владејачка партија на Виктор Орбан застанале на македонска страна и помогнале да се одбијат амандманите предложени од Европската народна партија.

„Тројца од партијата на Орбан и тројца антиевропски националисти се спротивставија – тоа беше доволно амандманот да не помине“, изјави Канев, нагласувајќи дека тоа не е „фатално“, но дека Орбан јавно покажал дека е противник на „бугарската национална позиција“.

Според Канев, тоа покажува дека токму Орбан е лидерот кој го блокира заедничкиот европски пристап и сојузништвото околу бугарските интереси.

Македонија со јасна поддршка за интеграции

Во самиот Извештај, подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц, покрај поддршката за европските интеграции, се нотира и потребата од уставни измени, реформи во Изборниот законик и засилена борба против корупцијата. Вајц изрази задоволство од усвојувањето:

„Горд сум на целиот напор што го вложивме за да изградиме компромис и да донесеме добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство“, изјави Вајц.

Следниот чекор е гласањето на пленарната седница на Европскиот парламент кое ќе се одржи во Стразбур од 7 до 10 јули, каде се очекува да биде повторно предложен одбиениот бугарски амандман.