Во рамките на ноќното обележување по барање на граѓани, а по налог на Град Скопје, екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на измнатата вечер целосно ги обележаа пешачките премини на булеварот АСНОМ со улица Беласица потегот кај Ист Гејт Мол.
Ноќното обележување се одвива тековно секоја вечер по однапред утврдената динамика од Град Скопје и со ист интезитет екипите продолжуваат да работат и во наредниот период на останатите градски сообраќајници, информираат од Градот.