Македонски и странски туристи кои денеска се враќаат од Грција се соочуваат со повеќечасовно чекање за влез во Македонија, откако на граничниот премин „Богородица“, односно на грчката страна кај „Евзони“, се создадоа долги колони возила.
Според информациите од терен на репортерот на 4NEWS.mk и сведоштвата на револтирани возачи, во моментов за влез во Македонија се чека најмалку четири часа.
Колоните од автомобили, автобуси и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор, што предизвика вистински сообраќаен колапс на враќањето од Грција.
Жешкото јунско сонце дополнително ја отежнува ситуацијата, а меѓу патниците има и голем број семејства со мали деца.

